Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска оствари средба со делегација од Будимпешта – Дистрикт 18, предводена од градоначалникот Шандор Санисло, на која беше потврдена заложбата за натамошно унапредување на долгогодишната соработка меѓу двете општини. На средбата присуствуваа и претседателот на Советот на Општина Битола Бојан Бојкоски, секретарот на Општината Борче Димитровски, соработникот за култура и спорт Александар Стефановски, раководителката на одделение Цветанка Ристевска, како и заменик-градоначалникот на Дистрикт 18 Петер Корош, главниот административен службеник Роберт Роњец и раководителот на одделение Јанош Сентецки. Коњановски ги запознал гостите со богатото историско и културно наследство на Битола, со значајните фестивали што се организираат во градот, економските потенцијали, меѓу кои и индустриската зона „Жабени“, како и можностите за понатамошен развој на туризмот. Како што беше истакнато на средбата, пријателските односи меѓу Битола и Будимпешта – Дистрикт 18 траат веќе 26 години и започнале преку соработката на КУД „Илинден“ од Битола и Фондацијата за танцова уметност „Теблаб“, која и оваа година е дел од фестивалот „Илинденски денови“. На состанокот беше договорена возвратна посета на делегацијата од Битола во септември, кога ќе се прецизираат и новите активности за продлабочување на соработката меѓу двете општини во повеќе области.

The post Коњановски: Богатата историја, култура и економските потенцијали на Битола претставени пред унгарска делегација appeared first on Politika.