ПОСКАПУВАЊА, КРИЗИ, ПРОБЛЕМИ... НО ЕВЕ ШТО НАВИСТИНА Е ВАЖНО
Во македонскиот јавен простор повторно се отворија стари теми и нови „ексклузивни сведоштва“, а кога станува збор за Никола Груевски, очигледно секоја приказна лесно добива дополнителни детали – без разлика дали тие имаат врска со фактите или со фантазијата.
Поранешниот премиер Никола Груевски остро ги отфрли наводите што неодамна ги изнесе Александар Маленко во еден домашен поткаст, оценувајќи ги како целосно невистинити и измислени.
Според Груевски, тој никогаш не остварил средба ниту разговор со Маленко и тврди дека неговото име никогаш не било предмет на каква било сериозна комуникација или интерес.
Особено ги демантираше тврдењата дека непосредно пред заминувањето од Македонија престојувал во хотел во Охрид заедно со своите деца и поранешната сопруга.
„Такво нешто не се случило. Во тие денови моите деца биле на училиште, а поранешната сопруга на работа. Дополнително, имав бројни средби во Скопје, што лесно може да се провери“, наведува Груевски.
Тој објаснува дека во хотелот кој беше споменат навистина престојувал, но околу седум месеци претходно, за време на велигденските празници. Тогаш, како што вели, дознал дека објектот е во сопственост на таткото на тогашната сопруга на Маленко.
Според неговото објаснување, за време на престојот добил информација дека Маленко сакал да стапи во контакт со него, но до каква било средба не дошло.
Груевски истакна дека ретко реагира на јавни обвинувања и шпекулации поврзани со неговото име, но овојпат решил да се огласи бидејќи во приказната биле вклучени и членови на неговото поранешно обезбедување.
„Тие немаат никаква врска со моето заминување од Македонија и неправедно се доведени во контекст на настаните“, посочува поранешниот премиер.
Со оваа реакција, Груевски уште еднаш се обиде да стави точка на една од многуте приказни кои периодично се појавуваат во јавноста, а кои, според него, повеќе наликуваат на сценарио за поткаст отколку на реконструкција на реални настани.The post КОНЕЧНО ОДГОВОР НА ПРАШАЊЕТО ШТО „ЈА МАЧЕШЕ“ НАЦИЈАТА… appeared first on Politika.