
Ејџи наведе дека мнозинството американски компании кои останаа во Русија продолжиле да работат успешно и дека годинава на форумот е присутен значително поголем број претставници на американскиот бизнис во споредба со претходно. Сепак, тој оцени дека режимот на санкции најверојатно ќе остане на сила сè додека не заврши конфликтот во Украина, пренесува „Комерсант“.
Неговата изјава доаѓа откако на крајот на мај претседателот на Рускиот сојуз на индустријалци и претприемачи, Александар Шохин, изрази очекување дека Западот би можел постепено да ги ублажува санкциите како што ќе се подобрува геополитичката ситуација.
Шохин предупреди дека е важно да се избегне трајна состојба на меѓународни тензии и нестабилност. Говорејќи за војната во Украина, тој се заложи за постигнување нов меѓународен договор по примерот на Хелсиншкиот завршен акт од 1975 година, кој, според неговото мислење, би вклучувал и признавање на новите граници настанати за време на конфликтот.