
Според дел од експертите, изворот Рашче има заштитни зони, а Градот Скопје има обврска од Вруток до главниот град да учествува во сите прочистителни станици, а тоа го нема според заштитeните зони. Многу фактори влијаат пред да се случи тоа што не треба да ни се случи.
Како што вели, екс-директорот на Геолошкиот завод, Науаф Баара, сите канализации од отпадните води од Вруток па наваму, без прочистителни станици влегуваат во Вардар. Сепак, потенцира изворот е фантастичен.
Темата за водоснабдувачките системи низ градовите во Македонија стана актуелната по кризата во Гостивар и катастрофата со истурените фекални бактерии во преливната комора.