
„Власта бара само бара алиби“ – кажа лидерот на СДСМ, Венко Филипче запрашан дали неговата партија ќе побара предвремени парламентарни избори. Ова следува по изборните резултати од локалните избори за градоначалник во Општина Брвеница, на кои во вториот круг победи Аркин Јахији, кандидатот на Националната алијанса за интеграција (НАИ), предводена од ДУИ, а против кандидатот од Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ не го доби потребниот број гласови.
-Познат е ставот. Сметаме дека си бараат алиби, но ние нема да им бидеме. Кога сакаат на избори, нека одат. Ништо не остварија, сега граѓаните се се повеќе свесни дека се што кажаа, се излажаа и на некои луѓе, за жал им е загрозена животната заштеда, изјави Филипче за „Локално“.
На новинарско прашање дали имало прелевање на гласови од СДСМ кон кандидатот на ДУИ, Филипче рече дека ги видел објавите во групите на ВМРО-ДПМНЕ и дека тоа е само уште еден обид за дефокус.
-Нема со никаков дефокус во Брвеница да ја покријат оваа катастрофа што ја направија, со кој е загрозен целокупниот финансиски систем во земјата, додаде лидерот на социјалдемократите.
Е.Б.