За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај – не забораваме. Ова е пораката која од Кочани, на новиот марш за ангелите, ја упатија родителите на загинатите и повредените деца во дискотеката на смртта „Пулс“.

45-тиот марш се одржа по вчерашното рочиште, каде полицајците кои кобната ноќ беа во „Пулс“ тврдеа дека се обвинети затоа што спасувале деца. Дел од родителите им порачаа дека се највиновни за смртта на 63 млади луѓе.