Таму каде нашите финансиски контроли ќе покажат очигледен криминал и нема потреба од вештачење тие извештаи ги доставуваме и до Финансиската полиција и Министерството за внатрешни работи, изјави директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски во одговор на новинарско прашање дали се направени контроли во Институтот за јавно здравје каде беше објавено дека имало вработени кои не оделе на работа, а земале плата.

Тој рече дека ФЗОМ врши медицински финансиски контроли на сите поголеми јавни здравствени установи и кај сите оние кои имаат договори со Фондот.

-Тие финансиски извештаи ние сумирано ги објавуваме на нашата веб страна и истите се доставуват до Министерство за здравство, Министерство за финасии и Државниот завод за ревизија . Таму каде нашите контроли сметаат дека не се грешки, а возможни се грешки, и има очигледен криминал и нема потреба од вештачење ние ги доставуваме и до Финансиска полиција и до МВР. Ги запознавмае тие што се надлежни за гонење на криминал. Оттука па натаму е обврска на други институции, изјави Клековски

Како што вчера изјави директорката на Институтот за јавно здравје Марија Андонова дека меѓу 20 и 30 луѓе во ИЈЗ во последните шест до седум години не доажале на работа, а земале плата, дури им им давале и 200 евра на свои колеги да ги регистрираат во системот за евиденција за работа. Таа рече дека преку договор на дело биле ангажирни и лица за полевање на двор, а овие недоследности претходно беа посочени во извештајот за Државниот завод за ревизија работата на ИЈЗ за 2024 година.

Клековски појасни дека редовно прават финансиски контроли на работењето на здравствените установи и дека добар дел од наодите на Државниот завот за ревизија се базираат на финансиските контроли направени од ФЗО.

-Ние имаме многу добра и тесна соработка со Државниот завод за ревизија. Очекучуваме овие случаи да бидат процесирани од државните органи и Јавното обвинителство да и покрене постапка. Ако нема одговорност, ако нема казнивост, некзинивоста оди кон повторување на истите работи, изјави Клековски.