Без да се завршат болниците во Тетово и во Штип и без да се види колку од болниците во другите градови во државата може да лекуваат пациенти кои сега ги препраќаат во Скопје, не е пожелно да се се гради нови клинички центар. Ова е ставот на директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски, во одговор на новинарско прашање, дали и натаму останува на ставот дека не е потребна нова зграда за скопските клиники, а премиерот Христијан Мицкoски најави новиот клинички центар дека ќе се гради до спортскиот центар Борис Трајковски.

-Бројките кои кажуваат дека ние имаме хиперконценнтрација на здравството во Скопје. Прашањето е дали сакаме уште поголема концентрација на пациенти во Скопје. Јас велам пред да дојдеме до изградба на нов Клинички центар да направиме се што е возможно да видиме кои се регионалните капацитети. И не мислам дека во секое гратче треба да има болница, изјави Клековски.

Како пример, првиот човек на Фондот за здравствено осигурување, спомна дека треба да се види како ќе се движат пациентите од брегалничкиот регион, и дека најверојатно тие ќе бидат лекувани во клиничката болница во Штип.

-Затоа прва линија на проекти се Тетово и Штип како такви: Ако се изградат соодветни капацитети и тие клинички болници третираат соодветни дијагнози, треба да видиме како тоа ќе се одрази на здравството во Скопје и какви просторни капацитети ни требаат и да ја видиме реорганизацијата на скопското здравство. Ние имаме Клинички центар , ја имаме градската општа болница „8 септември“ и хируршката болница „Св Наум Охридски“, ја имаме специјалната боница Козле и гинекологија Чаир. Имаме доста расцепкана поставеност и треба да видиме како ќе се консолидира, изјави Клековски.

Според него пред изградба на нов клинички центар треба да се земат предвид и постоечките капацитети.

-Во 8 осми септември ќе бидат земени предвид постоечките капацитети. 8 ми септември во моментот има солидни капацитети и тоа го имам истакнувано претходно. Да градиме комплетно нов без да се завршени Тетово и Штип мислам дека не е пожелно. Сите што сте биле надвор од Скопје знаете дека имаме многу празни болници, згради имаме доволни количини, во Куманово има две празни згради, здравстениот дом во Битола неколку илјади, инфективното крило е комплетно празно. Ако овие болници преземат дел од пациентите кои доаѓаат во Скопје ќе се намали притисокот во Скопје и тогаш нема да треба да се прави организација како да се постигне, ќе фалат нови работи. Нема да фалат кревети, многу посовремени работи ќе фалат, изјави Клековски.

Е.Б.