Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Делчево најави изградба на експресен пат  Кочани-Виница-Делчево.

Проектот како што рече е во фаза на изготвување на физибилити студија.

-Конечно се распиша тендер за проектно решение би рекол, физибилити студија Кочани-Виница-Делчево, така што генерално очекувам  состојбите и понатаму да продолжат во периодот којшто следи да се развиваат. Јас можам само да кажам дека како Влада ќе продолжиме да ги поддржуваме општините – рече Мицкоски говеорејќи за проектите кои се реализираат во оваа општина.

Тој додаде дека во оваа општина се реализираат 16 проекти и покрај тоа што општината има блокирана сметка.

– Се разбира кога многу работи во минатото стоеле со децении, не можат преку ноќ да се променат, но добро е кога се оди приоритет по приоритет еве слушнавте и вие 16 проекти во моментов општината ги реализира преку онаа реалокација на финансиски средства од Владата кон општината, останатите од сопствени сили, од сопствен буџет ќе се реализираат – рече Мицкоски.

Тој како што рече очекува во текот на овој општински мандат да се одблокира сметката за да може општината нормално да функционира.

Мицкоски е задоволен, како што рече, од тоа што и во Делчево се гради како што се гради на повеќе од 1.200 локации во земјата.

The post ЌЕ СЕ ГРАДИ ЕКСПРЕСЕН ПАТ КОЧАНИ – ВИНИЦА – ДЕЛЧЕВО Проектот е во фаза на на тендер за подготовка на физибилити студија appeared first on plusinfo.mk.