
Неодговорноста на поединци го загадува Скопје! Од утрово, екипите на Град Скопје ја расчистуваат дивата депонија на излезот од градот, објави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
Ова е штета што ја плаќаме сите, додаде тој.
„Апелирам до сите граѓани: однесувајте се одговорно и чувајте ги јавните површини. За оние што продолжуваат да создаваат депонии, нема да има толеранција! Да го чуваме Скопје“, повика Ѓорѓиевски на Фејсбук.
The post 🎥 ЌЕ НЕМА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА ОНИЕ ШТО СОЗДАВААТ ДЕПОНИИ Неодговорноста на поединци го загадува Скопје appeared first on plusinfo.mk.