Случајот со труењето од водата во Гостивар ќе има правен епилог, нема да биде како во случајот со пожарот во модуларната болница во Тетово, каде виновен беше кабелот, а не тогашниот министер за здравство, Венко Филипче, порача ВМРО-ДПМНЕ.

„Кандидатот на СДСМ, ДУИ и Таравари во Гостивар потрфли, а од СДСМ нема барање за одговорност за овој скандал кој ја потресе државата. СДСМ и Филипче не можат да го вперуваат прстот кон Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, затоа што кадарот кој тие со Али Ахмети и Арбен Таравари го промовираа и го поддржаа на изборите, потфрли“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Едно работа е многу важна, додава партијата.

„Овој случај ќе добие правен епилог, нема да заврши како случајот со модуларната болница каде токму поради Филипче живи изгореа 14 наши сограѓани, а тој не беше повикан ниту на информативен разговор, затоа што неговите судии и обвинители го штитат и на крај кабелот беше виновен. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е задно со гостиварци, а надлежните институции се ставени на располагање на граѓаните“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

ЗОШТО МОЛЧИ КОАЛИЦИЈАТА МЕЃУ СДСМ, ДУИ И ТАРАВАРИ ЗА ЗАГАДЕНАТА ВОДА ВО ГОСТИВАР? Гласно ја славеа победата, а сега гостиварци стравуваат за животите

The post ЌЕ ИМА ОДГОВОРНОСТ ЗА ТРУЕЊЕТО ВО ГОСТИВАР Нема да е виновен кабелот наместо Филипче, како што беше при пожарот во тетовската болница appeared first on plusinfo.mk.