Утре премиерот Христијан Мицкоски ќе престојува во Охрид, каде што ќе присуствува на отворањето на нов производствен капацитет на компанијата „АСП – ПАК“ ДООЕЛ. Настан што треба да биде посветен на инвестиција, производство, нови капацитети и економски развој.
Но, останува прашањето: ќе помине ли утрешниот ден без нова политичка драма, без однапред подготвени конструкции од друштвото „опиени од власт“ и без обид секој настан на премиерот да се претвори во повод за нова полемика?
Или, според веќе познатото сценарио, токму кога треба да се зборува за инвестиции и економија, повторно ќе се најде некоја тема, некоја изјава или некоја провокација што ќе ја пренасочи јавноста од суштината?
Се чини дека во македонската политичка реалност понекогаш е полесно да се произведе скандал отколку да се остави простор за разговор за конкретни резултати.
Утре, 9 ноември, во 11 часот, Мицкоски ќе присуствува на отворањето на новиот производствен капацитет на „АСП – ПАК“ во Охрид. По повод настанот, премиерот ќе даде изјава за медиумите.
Медиумите се поканети да го проследат настанот.
Останува да видиме дали утрешниот фокус ќе биде на новиот производствен капацитет или повторно ќе се бара начин фабричкото отворање да падне во сенка на дневнополитичките пресметки.
The post ЌЕ ГО ОСТАВИТЕ ЛИ МИЦКОСКИ УТРЕ НА МИР ДА ОТВОРИ ФАБРИКА ИЛИ ПОВТОРНО ЌЕ СЕ БАРА ТЕМА ЗА ДЕФОКУС? appeared first on Politika.