Кипар и Франција утре ќе потпишат договор за одбрана кој предвидува „присуство на француски сили на кипарска територија, исклучиво за хуманитарни цели“, изјавија двајца високи кипарски владини претставници.

Официјални лица изјавија за веб-страницата „Политико“ со седиште во Брисел дека кипарскиот претседател Никос Христодулидес објавил дека, според договорот, на Париз ќе му биде дозволено да стационира трупи на островот како дел од „засилената соработка“ што Кипар ја има со француската влада.

Договорот ќе биде потпишан во Никозија од страна на француската министерка за вооружени сили, Катрин Вотрин, и кипарскиот министер за одбрана, Василис Палмас, кои ќе присуствуваат на неформален состанок на Европскиот совет за надворешни работи во неговата одбранбена конфигурација истиот ден.