Американската поп-пејачка Кејти Пери жестоко ја критикуваше администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп откако нејзиниот светски хит „Firework“ беше искористен како музичка подлога во видео на официјалниот профил на Белата куќа на Тик-Ток. Видеото прикажува американски воени напади врз Иран и проектили што погодуваат ирански цели. Во објавата стои и пораката „Иран беше предупреден“.

По ова Кејти Пери јавно го изрази своето незадоволство на платформата X.

– Длабоко сум згрозена и лута што гледам дека „Firework“ се користи на Тик-Ток профилот на Белата куќа како музичка подлога за видеоснимки од воени напади – напиша пејачката.

Таа нагласи дека никогаш не дала дозвола за користење на песната во таков контекст и додаде дека е разочарана од начинот на кој е употребена нејзината музика.

– Да се види порака за самопочит и охрабрување претворена во симбол на уништување е целосно спротивно на сè што оваа песна претставува – заклучи таа.

Меѓутоа, откако Кејти Пери изјави дека е „згрозена и лута“ поради користењето на нејзиниот хит „Firework“ во видео со воени напади, Белата куќа објави нова снимка во која повторно користи нејзина музика. Станува збор за песната – „Part of Me“.

Во видеото се комбинирани кадри од музичкиот спот на Пери, во кој таа е облечена во воена униформа, со снимки од воени операции и американскиот претседател Доналд Трамп.

Објавата е проследена со пораката „Now look at me“ („Сега погледнете ме“), што е стих од хитот на Пери од 2012 година.

@whitehouse

Now look at me 🦅

♬ original sound – The White House

Новото видео, објавено во понеделникот вечерта, собра повеќе од 700.000 прегледи. Тоа е помалку од претходната објава со песната „Firework“, која викендот достигна околу 7,5 милиони прегледи.

Пејачката засега не реагирала на повторното користење на нејзината музика.

The post 🎥 КЕЈТИ ПЕРИ БЕСНА НА БЕЛАТА КУЌА ПОРАДИ КОРИСТЕЊЕТО НА НЕЈЗИНИOT ХИТ По критиките од пејачката, администрацијата на Трамп објави ново видео appeared first on plusinfo.mk.