Стратегијата на Иран за ставање крај на тековната американско-израелска агресија е истовремено да води војна и дипломатија за да ги брани правата на иранската нација, изјави денес претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Бакер Калибаф.

Во аудио порака до иранската нација, Калибаф рече дека Иран е подготвен веднаш да ги продолжи своите воени операции како одговор на кршењата на прекинот на огнот објавен на почетокот на април од страна на САД и Израел, објави иранската телевизија Прес ТВ.

Неговите коментари дојдоа откако Иран започна ракетни напади врз Израел како одговор на кршењата на условите на прекинот на огнот, кои вклучуваат и прекин на непријателствата во Либан.

Текстот Калибаф: Иран ќе води војна за да ги одбрани своите права е превземен од А1он.