
„Целата ситуација зборува лошо за нашата општа и правна култура. Не може власта врз правната држава да гледа пазарџиски и од аспект на дневнополитичките интереси. Брука“, вели универзитетскиот професор, Гордан Калајџиев за извештајот на Европската комисија за состојбите во правосудството.
Според него, Европа јасно ни става до знаење дека нешто мора да се промени и е убеден дека доколку власта покаже доблест да ги тргне рацете од овој сектор, работите веднаш ќе тргнат на подобро.