„Потребна е поголема внатрешна дисциплина и модернизација на административните процедури, за судовите да станат сервис на граѓаните, а не место каде правдата се чека со години…“, вели адвокатот Јасмин Калач по извештајот од Брисел за владеење на правото во Македонија.

Вели дека судиите и обвинителите имаат примања кои се солидни споредено со просекот во државата, па сосема е оправдано јавноста и власта да очекуваат поголема ажурност и резултати.

-Од друга страна, финансирањето на судството не смее да биде инструмент за притисок, потенцира адвокатот.

Извештајот на ЕК за македонското правосудство: „Неефикасноста не се решава само со зголемување на буџетот, но ниту со негово ускратување“