Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, го откажа учеството на Самитот ЕУ – Западен Балкан, кој во петок ќе се одржи во Тиват, потврди Порталот РТЦГ.

До одложување на посетата дојде од здравствени причини, дознава РТЦГ.

Самитот ЕУ – Западен Балкан се одржува на 5 јуни, а домаќин е претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ.

На скупот ќе учествуваат лидерите на Европската Унија и на државите од Западен Балкан.