Во организација на Форумот на жени при ОО на СДСМ Струмица, денеска во кафе бар ETC на струмичкото корзо се одржа хуманитарната акција „Кафе дружба за Нина“, чија цел беше собирање средства за лекување на 14-годишната Нина Димитриевска од Струмица.
Во периодот од 17:00 до 20:00 часот, секое платено кафе претставуваше директен придонес за обезбедување финансиска помош за лекувањето на Нина. Покрај тоа, на влезот од локалот беше поставена и кутија за донации, преку која граѓаните имаа можност дополнително да ја поддржат хуманитарната акција.
На настанот присуствуваа голем број граѓани кои со своето учество испратија порака за солидарност и поддршка во моменти кога таа е најпотребна.
„Се дружевме, испиевме кафе и заедно покажавме дека хуманоста и солидарноста се најсилни кога се најпотребни“, ни кажа Танкица Трендова.
Хуманитарната акција уште еднаш потврди дека струмичани знаат да се обединат кога е потребно да се помогне и да се даде поддршка на оние кои се соочуваат со животни предизвици.

The post „Кафе дружба за Нина“: Граѓаните уште еднаш ја покажаа својата хуманост appeared first on Radio StrumicaNet.