Паднатите и скршени дрвја од невремето кое го зафати Скопје во вторникот утрово и во текот на денешниот ден ги расчистуваа работници, но возилата во кои ги товареа стеблата немаше обележје на ЈП „Паркови и зеленило“.

Градскиот парк во Скопје беше еден од најпогодените од најпогодените од невремето во кое за дваесетина минути врнеше силен пороен дожд и дуваше ветер со јачина од 130 километри на час.

Бројни дрвја беа откорнати, а на други им беа скршени цели гранки, и пешачките патеки беа блокирани.

На прашањето од „Локално“ дали Градот ангажирал приватни фирми во расчистување и средување на Градски парк, од кабинетот на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ни рекоа дека тоа ќе треба да го проверат.

-Екипите на ЈП„Паркови и зеленило“ заедно со другите градски претпријатија денеоноќно работат на расчистување на паркот, кој беше проследен од ураганот проселеден со ветер од над 130 km/h. За останатото ќе мора да провериме, изјавија за „Локално“ од кабинетот на градоначалникот.

Е.Б.