Директорот на ЈПКД „Комуналец“ Струмица, Кире Синдраковски, учествуваше како панел-говорник на официјалното отворање на проектот „Отпорни и ефикасни комунални претпријатија во Македонија“, кое се одржа во петокот.

Станува збор за проект финансиран од Владата на Швајцарската Конфедерација преку Државниот секретаријат за економски прашања (SECO), а во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање. Проектот има за цел да ја зајакне отпорноста, ефикасноста и одржливоста на водоводните и канализациските услуги во државата, со посебен акцент на енергетската ефикасност и примената на обновливи извори на енергија.

ЈПКД „Комуналец“ Струмица е едно од седумте јавни комунални претпријатија во Македонија избрани за учество во проектот, по претходно спроведен јавен повик на кој можеле да аплицираат сите комунални претпријатија во земјата.

Од претпријатието посочуваат дека преку соработка, размена на искуства и инвестиции во модернизација на системите, се очекува да се придонесе кон унапредување на квалитетот и ефикасноста на услугите што им се нудат на граѓаните на Струмица.

Проектот претставува значаен чекор кон современи, одржливи и енергетски поефикасни комунални услуги, во насока на подобрување на условите за живот и заштита на животната средина.

The post ЈПКД „Комуналец“ Струмица дел од проект за поефикасни и поодржливи комунални услуги appeared first on Radio StrumicaNet.