Катерина Јовановска од Левица вели дека за ситуацијата во Град Скопје алармирала и на минатата седница кога, како што вели, истакнала дека граѓаните ги надраснаа политичарите одамна. Според неа, граѓаните сакаат ренесанса во Скопје и во државата воопшто, додека политичарите од власта не размислуваат за тоа.

„Се додека може да се направи рил и добар ПР, не е важен квалитетот – така размислуваат. Па видете ги само фонтаните за пиење вода (или чешми како што сега ги викаат) и се ќе ви биде јасно“, рече Јовановска за случката со сменетиот билборд на влезот на Град Скопје, за кој градоначалничкот Орце Ѓорѓиевски потенцира дека станува збор за „печатна грешка“.

Во однос на фирмите со кои што работи градската власт, секако е потребна поголема транспарентност, констатира Јовановска.

Билбордот сменет, срамот остана: „Аматеризам и фушерај, јавноста има право да знае кој стои зад секое идејно решение што ја менува визуелната слика на Скопје“