„Во врска со конфликтот во Украина, Бугарија постојано го задржува ставот дека нема воено решение за оваа војна. Нашата позиција денес е јасна, прашањето е дали е можно да се собере мнозинство меѓу нашите европски партнери, да се убедат во нашите аргументи“. Ова го изјавила бугарската претседателка Илијана Јотова за време на Годишната конференција со вонредните и ополномоштени амбасадори и постојаните претставници на Република Бугарија, пренесува тамошната новинска агенција, „БТА“.

Јотова говорела и за односите со Македонија и нашиот пат кон полноправно членство во Европската Унија. Според бугарската в.д. претседателка, бугарската политика покажала дека, како што вели, може да има одлични резултати и да биде успешна кога се обединети институциите, професионалците и општеството во Бугарија.

„Не можеме, а да не признаеме дека во текот на овој период направивме и многу грешки. Сè уште имаме нерешени прашања. Не ги убедивме сите европски земји во бугарската позиција“, рекла, меѓу другото, Јотова.

„Бугарија очекува Република Северна Македонија да ги исполни европските критериуми за членство во Европската Унија“. Ова пред повеќе од еден месец, Јотова го кажа на средбата со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Двете соговорнички разговараа во рамки на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, чиј домаќин беше Бугарија, соопшти кабинетот на бугарската претседателка.

Јотова тогаш истакнала дека Македонија треба да го спроведе таканаречениот француски предлог од 2022 година, кој беше прифатен од Скопје и стана дел од заедничката европска рамка за пристапување на земјата во ЕУ. Таа нагласила дека станува збор за европски критериуми за членство, а не за билатерални бугарски барања.

Според Јотова, за отворање на преговарачките поглавја, Македонија треба да ги исполни преземените обврски, меѓу кои и внесувањето на Бугарите во Уставот