Трамп веќе најави дека сака да преговара за завршување на војната на трилатерална средба со Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг, без Украина и Европа на преговарачката маса. Ако во новиот светски поредок таквото однесување се смета за лидерство на големите сили, Европејците мора да се разбудат. Ова би можело да биде нашата последна шанса да го избереме суверенитетот наместо потчинувањето.
Јошка Фишер
Поранешен Министер за надворешни работи на Германија
Сепак, многу работи се променија во изминатите пет години, при што настаните на политичката сцена се покажаа позначајни од оние на бојното поле. Најважната промена, секако, беше смената на раководството во Белата куќа, кога на почетокот на 2025 година Доналд Трамп го наследи Џо Бајден. Трамп не само што ги изневери Украина и европските сојузници на САД во НАТО, туку сè поотворено стоеше на страната на Путин. Во овој момент воопшто не би било никакво изненадување ако сегашната американска администрација отворено ја смени страната и официјално му се приклучи на таборот на Путин.
Настаните во ЕУ беа подеднакво значајни. Блокот, во кој и инаку има постојани внатрешни судири, покажа невообичаен степен на единство и решителност во поддршката на Украина, истовремено тесно соработувајќи со земји надвор од ЕУ, како Обединетото Кралство, Норвешка и Канада. Овој заеднички фронт покажува дека европските демократии разбираат што е на коцка. Со поддршката на Украина, тие ги штитат и сопствените безбедносни интереси, и покрај тоа што дотогашниот заштитник ги напушти.

Во февруари 2027 година ќе се навршат пет години откако Русија ја започна целосната инвазија врз Украина, грубо кршејќи го меѓународното право. Неоимперијалистичката авантура на рускиот претседател Владимир Путин – неговата „специјална воена операција“ – требаше да биде кратка и одлучувачка освојувачка војна. Меѓутоа, набргу стана јасно дека ја потценил земјата што ја нападна. Украинците беа решени да се бранат по секоја цена, а извесно време можеа да сметаат на обединетиот Запад, во кој САД и Европа заеднички пружаа воена и цивилна поддршка.
Досегашното засилување на надворешниот притисок врз Европа – која се најде „во клешти“, со Путин на исток и Трамп на запад – само дополнително го зајакна нејзиното единство. Забрзано преземајќи чекори за да ја обезбеди сопствената одбрана, Европа ја покажува и решеноста да стане глобална сила што се потпира на сопствените ресурси. Иако пред неа сè уште има долг и финансиски скап пат, првиот голем чекор веќе е направен.
Вистинската опасност за Европа сега доаѓа однатре. И покрај единството во поддршката на Украина, таа мора да се справува со историски вкоренетите разлики во ставовите, како и со враќањето на својата најразорна „наследна болест“ – егоцентричниот национализам. Заговорниците на оваа идеологија ја гледаат политичката интеграција со соседните земји како зло, а не како извор на сила. Кога би им се укажала можност, тие би ја прокоцкале историската шанса на Европа да изгради сопствена, независна улога во светот, без зависност од другите големи светски сили и без нивна доминација.
Затоа, враќањето на националниот шовинизам претставува најголема опасност за Европа. Таквата политика се заканува повторно да ги разбуди историските судири и непријателства за кои многу генерации Европејци веруваа дека конечно се надминати. Големата иронија е во тоа што, доколку националистите надвладеат, потчинувањето на Европа на надворешните сили ќе стане неизбежно.
Односите меѓу Франција и Германија ќе бидат најјасниот показател за овој ризик во 2027 година. Франција во април и мај ќе избира нов претседател, а набргу потоа ќе следуваат и парламентарни избори. Овие изборни процеси нема да ја одредат само распределбата на политичката моќ во Франција. Доколку Марин Ле Пен, од екстремно десничарската партија Национален собир, го освои претседателскиот мандат, би можеле да бидеме сведоци на почетокот на системска трансформација со катастрофални последици за Европа. Европската Унија, поделена против самата себе, би им дала повод за славење на Кремљ и на движењето МАГА.
Ситуацијата дополнително ја влошува фактот што Франција, поради хроничниот буџетски дефицит, се соочува со должничка криза. Без значително намалување на буџетските расходи и болни општествени реформи, секоја француска влада ќе продолжи да ги крши фискалните правила на еврозоната, со што дополнително ќе се заострат односите со Германија.
Но, ниту Германија не е поштедена од опасноста од политички хаос. Слабата сојузна влада, канцеларот кој не ужива поддршка дури ни меѓу гласачите на сопствената партија и тешката економска состојба би можеле да доведат до радикална трансформација на германскиот партиски систем, проследена со подемот на екстремно десничарската, неонационалистичка Алтернатива за Германија (АфД).
За да го зачуваат својот суверенитет Европејците мораат да останат обединети пред надворешните притисоци, а тоа бара и соочување со политичките закани кои доаѓаат одвнатре.
Во најлошото можно сценарио, 2027 година би можела да стане кобна за Европа. Америка би можела трајно да се повлече од континентот, откако ќе премине на страната на Путин, додека француско-германскиот мотор, срцето на ЕУ, би можел целосно да откаже поради хаотичните внатрешнополитички превирања. Путин и Трамп тогаш, со поддршка од Кина, би се обиделе да ѝ наметнат на Украина „мир“ што би подразбирал речиси целосна капитулација, големи територијални загуби и сериозни ограничувања на нејзиниот суверенитет.
Трамп веќе најави дека сака да преговара за завршување на војната на трилатерална средба со Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг, без Украина и Европа на преговарачката маса. Ако во новиот светски поредок таквото однесување се смета за лидерство на големите сили, Европејците мора да се разбудат. Ова би можело да биде нашата последна шанса да го избереме суверенитетот наместо потчинувањето.
Вијести
The post Јошка Фишер: За Европа чукна часот на одлука first appeared on КАПИТАЛ.
The post Јошка Фишер: За Европа чукна часот на одлука appeared first on КАПИТАЛ.