Српската кошаркарска ѕвезда Никола Јокиќ, по завршувањето на НБА сезоната и успешните настапи со репрезентацијата на Србија во квалификациите за Светското првенство, слободното време го користи за својата голема страст – коњските трки.

Јокиќ, кој како капитен ја предводеше Србија до две многу важни победи во квалификациите за Мундобаскетот, пред новото репрезентативно собирање во август и натпреварите против Исланд и Италија, престојуваше во Суботица на традиционалната коњска трка „Дужијаница“.

Тој имаше уште една причина за славење, бидејќи неговиот коњ и оваа година триумфираше на престижната трка.

По победата, Јокиќ најпрво им честиташе на џокејот и на членовите на тимот што учествуваа во трката, а потоа следуваше најемотивниот момент.

Кошаркарот ги зеде во прегратка својата ќерка Огњена и синот Игњат, со кои заедно ја прослави победата. Емотивните сцени беа забележани од бројните камери присутни на настанот.

Потоа Јокиќ излезе на патеката, отвори шише шампањ и заедно со присутните го прослави успехот. Со шампањ ги испрска луѓето околу себе, по што тие возвратија на ист начин, а атмосферата беше исполнета со смеа и добро расположение.

На крајот, Јокиќ наздрави со шампањ, уживајќи во уште еден успех поврзан со неговата голема љубов кон коњите.

 

The post 📽️ ЈОКИЌ СО ДЕЦАТА ГО ПРОСЛАВИ ГОЛЕМИОТ УСПЕХ Победата што му значи повеќе од НБА титулата appeared first on plusinfo.mk.