
Кандидатот на Национална алијанса за интеграција, Аркин Јахији на вториот круг од изборите за градоначалник во Брвеница освоил 4.442 гласа, додека кандидатот на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ Стојанчо Радичевски освоил 4.177 гласови, објави Државната изборна комисија на прес-конференција. Разликата изнесува 265 гласови
Ова се првичните неофицијални резултати добиени по електронски пат од сите 24 избирачки места во десетте населени места во општина Брвеница. Во вториот круг од гласањето, излезноста беше 54,29 отсто. Гласале 8.820 од 16.256 запишани избирачи.
Претседателот на ДИК, Бојан Маричиќ на прес-конференцијата изјави дека гласањето минало во фер и демократска атмосфера. Приговори за гласањето може да се поднесе до вторник.
Функционери на ВМРО-ДПМНЕ му ја честитаа победата на Јахиј, но ја обвинија неговата партија за наметнување етнички поделби и за носење гласачи од странство.