По силното невреме што ја зафати Струмица, надлежните служби координирано работат на расчистување и санирање на последиците, информира градоначалникот Петар Јанков.
Екипите на ЈПКД „Комуналец“ ги расчистиле паднатите дрвја и гранки, а од улиците и јавните површини биле отстранети наносите и другите пречки. Активностите за санација на штетите продолжуваат.
Територијалната противпожарна единица интервенирала на повеќе локации во Струмица и во околните општини, додека екипите на ЕВН работеле на отстранување на дефектите во електродистрибутивната мрежа.
Снабдувањето со електрична енергија во населените места Банско и Куклиш е нормализирано.
Според Јанков, надлежните служби ќе останат на терен до целосно нормализирање на состојбата.

The post Јанков: Службите остануваат на терен до целосно нормализирање на состојбата по невремето appeared first on Radio StrumicaNet.