Министерката за образование и наука, Весна Јаневска на забелешките од универзитетските професори дека е поважно да има и средства и услови за научно истражувачка дејност, а потоа да се бара објавување на трудови во списанија со импакт фактор, одговори дека тие треба да бидат свесни дека живеат и работат во мала земја чија економија зависи од се она што се случува и во светот и во опкружувањето.

– Академската заедница треба да е свесна без оглед во која област работи, дали работи во медицина, технологија, економија, филозофија дека се што се случува во светот било да е во Азија, Африка во Америка Јужна Америка значајно влијае на нашата економија. Ние сме мала, независна земја и се што се случува каде било, особено во нашата околина влијае на нашата економија. Она што добро и она што сакавме да го оствариме го остваруваме и буџетот постојано се зголемува во рамките на можностите на нашата земја, изјави за „Локално“ министерката Јаневска.

Таа додаде дека лани биле одвоени рекордни средства за високото образование и дека Министерството постојано ја стимулира научно-истражувачката дејност.

-Конкретно никогаш досега во историјата не се одвоени толку многу пари, шест милиони евра, како ланската година кога инвестиравме во 45 научно-истражувачки проекти, од кои дел сврзвме со смарт специјалаизација што е многу значајно. Постојано исплаќаме комплетна сума на средства на секој објавен труд во сисание со импакт фактор. Постојано даваме еднократна награда за оние кои објавиле труд во списание со импакт фактор. Обезбедуваме средства кога имаме научници, кои сакаат да поминат еден извесен период во странство со помош или за пат или нешто малку за престој. Ги даваме шангајските стипендии, даваме многу во однос на она што требало да се направи и во минатото, изјави Јаневска.

Министерката рече дека науката е од исклучително значење за развој на општетството и дека ја подобруваат со тоа што носат нова законска регултаива и обезбедуваат доволно средства за реализација на таа ззаконска регулатива.

-Само за споредба 2022 година за наука биле одвоени околу 380 милиони оваа година 773 милиони. За високо образование 2020 година три милијарди оваа година осум милијарди. Ние за законите од високото образование многу зборувавме за критериуми и за цитираност и еве сега се гледа колку е важно што е предложено во законите. Се надевам дека имаплементацијата добро ќе оди и во одреден средорочен период од четири до пет години ќе се видат резултатите, изјави Јаневска.

Е.Б.