Повеќе од три и пол децении по осамостојувањето на Македонија, очекувањата за подобар живот, правда и еднаквост сè уште не се исполнети, укажува Јане Ченто во објава на социјалните мрежи и потсетува на долгогодишните разочарувања, политичките афери, неправдите и чувството дека одговорноста за моќните и влијателните останува недостижна.Според него, најголемата загуба не се само пропуштените можности, туку животите на цели генерации кои поминале во надеж дека следните ќе имаат подобра иднина. Тој