Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 34-годишен скопјанец, осомничен за кривичното дело телесна повреда при вршење семејно насилство врз својата мајка.Според Обвинителството, на 25 јули во вечерните часови осомничениот побарал пари од мајка си. Откако таа му кажала дека нема можност да му даде, тој почнал да ја навредува и да ја обвинува дека не му обезбедила подобар живот.Ситуацијата потоа ескалирала во физички напад. Осомничениот ја удирал жената со тупаници по главата и