
Педесет и деветгодишна жена била пронајдена почината во својот дом на подрачјето на скопската општина Аеродром, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје на 9 јуни околу 11:50 часот. На местото пристигнала екипа на Итната медицинска помош.
Лекар констатирал смрт кај Д.А. (59). Притоа не биле забележани видливи траги на насилство.
По насоки на јавен обвинител, телото било предадено на обдукција. Таа треба да ги утврди точните причини за смртта.
The post ЈА ПРОНАШЛЕ ПОЧИНАТА ВО СВОЈОТ ДОМ ВО АЕРОДРОМ Телото на 59-годишна жена предадено на обдукција appeared first on plusinfo.mk.