Јасна Бачовска Недиќ: Во контект на тоа денес немаше баш потреба од снимки од апсењата во Гостивар.

Таквите секвенци многу штета прават. На пример, веднаш ја зголемуваат перцепцијата за корупција кај јавноста/кај граѓаните, ја зголемуваат недовербара во институциите, го загрозуваат принципот на презумција на невиност … итн.

Исто така такви прилози и слични, како на пример изолирани индивидуални судбини, доминација на дијалошки форми,  се толкуваат како груба пропаганда и политички маркетинг..

Доволно ќе беше само вест, нема потреба од снимање на апсења и приведувања.

Едно време ваквите меневри крајно го симнуваа интегритетот и професионализмот во новинарството и паѓавме во сите евалуации.

Сега имаме и нов кодекс …

Пораката до новинарите и медиумските работници е

да имаат на ум дека колку е повисока професионална етика, толку е повисок и социјалнио- економскиот статус на една професија и во крајна линија задоволството од работата.

Извор: Фејсбук