
Седуммесечно бебе загина, а неговите родители се повредени откако израелската армија во петокот вечерта отворила оган врз нивното возило на окупираниот Западен Брег, соопшти палестинското Министерство за здравство.
Израелските војници отвориле оган јужно од градот Хеброн, тврдејќи дека возилото со зголемена брзина се движело кон нив.
Семејството патувало од Витлеем до Хеброн.
Израелската армија соопшти дека започнала истрага за инцидентот.
The post ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИЦИ УБИЈА БЕБЕ ВО ЗАПАДЕН БРЕГ Отворија оган врз автомобил со семејство appeared first on plusinfo.mk.