
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп денеска се сретна со премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, во Белата куќа, што е прва нивна средба по војната со Иран што двете земји ја почнаа на 28 февруари.
Средбата беше посветена на војната со Иран, а се одржа без никакви јавни знаци на несогласувања што ги обележаа односите на двајцата претседатели во изминатите неколку недели, пишува Аксиос.
Американскиот портал оценува дека, земајќи го предвид незадоволството на Трамп од израелскиот лидер поради војната, што американскиот претседател дури и јавно го истакна непосредно пред пристигнувањето на Нетанјаху во Белата куќа, фактот што двете страни ги оценија разговорите позитивно претставува успех за Нетанјаху.
„Состаноците на претседателот Доналд Трамп со украинскиот претседател Володимир Зеленски и со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху беа позитивни и продуктивни“, напиша портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит на Икс.
Претходно денеска Трамп одржа состанок со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Овалната соба за билатерални разговори. Фотографиите од средбите покажуваат дека присутвувале и американскиот државен секретар Марко Рубио и американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет.
„Разговорот на Трамп со Нетанјаху траел нешто помалку од час и половина, а се очекувало дека главната тема ќе биде Иран, со оглед на разликите во ставовите на двајцата лидери за понатамошниот тек на војната“, соопшти Белата куќа.
Според Трамп, израелскиот премиер се обидува да ги убеди Соединетите Држави да не ѝ свртат грб на војната.
Нетанјаху по средбата изјави дека била една од „најдобрите разговори што двајцата лидери некогаш ги имале“. Рече дека состанокот се одржал во атмосфера на „целосна соработка, меѓусебна поддршка и разбирање“.
– Разговаравме за заедничката цел на Иран да не му биде дозволено да има нуклеарно оружје под никакви околности, како и за други важни прашања – рече Нетанјаху во видеопорака.
Според него, состанокот бил можност за размена на идеи и координација по прашања што се важни за безбедноста и иднината на Израел.
Во соопштението на израелската влада се нагласува дека двајцата лидери се во тесна координација кога станува збор за војната и дека нема несогласувања меѓу нив.
Според израелските медиуми, Нетанјаху останува посветен на соборувањето на иранското раководство.
Во последниве месеци, некогаш блискиот однос меѓу двајцата лидери се сметаше за затегнат поради нивните разлики околу војната со Иран. Додека Израел сака да ја продолжи војната, Трамп неколку месеци бара дипломатско решение.
The post ИЗРАЕЛ ПОСАКУВА САД ДА НЕ Ѝ СВРТАТ ГРБ НА ВОЈНАТА Прва средба на Трамп со Нетанјаху по конфликтот со Иран appeared first on plusinfo.mk.