Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека никој нема да му диктира дали САД ќе ѝ продаваат борбени авиони „Ф-35“ на Турција, отфрлајќи го противењето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Тој ја опиша Турција како „огромен сојузник“ и оцени дека има важна улога во решавањето на регионалните прашања, вклучително и ситуацијата во Сирија. Иако призна дека Анкара не е наклонета кон Израел и Нетанјаху, Трамп нагласи дека партнерството меѓу САД и Турција останува силно.
Американскиот претседател изјави дека ќе ја разгледа можноста за обновување на продажбата на авионите „Ф-35“, оценувајќи дека Турција е „многу полојална од другите земји“. Турција беше исклучена од програмата за „Ф-35“ откако го набави рускиот противракетен систем „С-400“. Авионот „Ф-35 Лајтнинг II“ е борбен авион од петта генерација произведен од американската компанија „Локид Мартин“.
The post Израел не се согласува со продажбата на американски борбени авиони на Турција appeared first on Скопско ЕХО.