СВР Тетово поднесе кривична пријава против 52-годишниот С.Р. од селото Камењане, Општина Боговиње, поради сомнение дека сторил кривично дело „измама“.Според Министерството за внатрешни работи, пријавениот измамил едно лице за сума од 5.150 евра, уверувајќи го дека ќе посредува за неговата сопруга да оствари право на туѓа нега, како и за обезбедување социјален стан.По преземените мерки и целосното документирање на случајот, против осомничениот е поднесена кривична пријава.