Со одлука на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, избрани се новите претседатели на Општинските комитети на партијата во општините од струмичкиот регион.
Во oпштина Струмица, за претседател на Општинскиот комитет е избран Методија Пасков, дипломиран информатичар и актуелен шеф на кабинетот на градоначалникот на oпштина Струмица.
За претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во oпштина Василево е избран актуелниот градоначалник Славе Андонов, додека во oпштина Босилово партискиот комитет повторно ќе го предводи пратеникот Мито Андонов. Во oпштина Ново Село, за претседател на Општинскиот комитет е реизбран пратеникот Петар Марков.
Изборот на новите претседатели е направен вчера со одлука на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, а по предлог на претседателот на партијата, Христијан Мицкоски.
Со овие кадровски решенија, ВМРО-ДПМНЕ ги комплетираше раководствата на Општинските комитети во општините од струмичкиот регион, кои ќе имаат задача да ги координираат партиските активности и да придонесат за натамошно зајакнување на организацијата на локално ниво.
The post Избрани нови претседатели на Општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ во струмичкиот регион appeared first on Radio StrumicaNet.