Според пресекот на Државната изборна комисија во 13 часот, на вториот круг од предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница гласале 4.518 избирачи, односно 27,81 отсто од вкупниот број запишани гласачи.

Податоците се од пристигнатите информации од 24 избирачки места. Во споредба со првиот круг од изборите, одржан на 18 октомври, излезноста е зголемена за 7,31 процентен поен.

Од ДИК информираат дека до 13 часот е пристигнат еден приговор за заштита на личното избирачко право. Приговорот е усвоен, по што на гласачот му било овозможено да го оствари правото на глас.