
За изјавата на премиерот Христијан Мицкоски, дека судиите и обвинителите дека треба да испорачаат правда, но повеќе пари нема да добијат, бидејќи, како што вели, независноста со нив не се обезбедува, екс-претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска смета дека со ваква изјава, премиерот не го почитува законот со кој се регулира распределбата на средствата во правосудството.
-Исто така од позиција на извршна власт врши притисок врз Судската власт и потврдува дека само политичката волја е клучна, па дури и над законите… Сметам дека со ваков пристап не се остава простор за професионално делување на судството, децидна е Ивановска.