Не гледам причина поради која Република Хрватска би ја попречила Црна Гора да стане полноправна членка на Европската Унија, изјави за „Локално“, Филип Ивановиќ, потпретседател на Владата на Црна Гора задолжен за надворешни и европски прашања. Тој додаде дека се надева дека сите отворени билатерални прашања што ги имаат со Хрватска ќе ги решат во добар дух.

-Она на кое ние се надеваме дека билатералните прашања, а некои се веќе решени, дека и овие останативе ќе се решат во добар дух. Не гледам причина поради која Република Хрватска би ја спречуваа Црна Гора да добие резултат на она што го нарекуваме процес на проширување заснован на заслуги, бидејќи сите критериуми според Владата на Црна Гора уште минатата недела се исполнети, изјави Ивановиќ.

Хрватска неодамна испрати одфицијален документ до земјите членки на ЕУ во кој стои дека Црна Гора треба да реши осум отворени прашања со неа пред да стане членка на Унијата. Меѓу нерешените прашања на двете земји се школскиот брод „Јадран“, решавање на границите и разграничување, воени злостроства, прашања за исчезнати лица и обештетување за поранешниот логор Морињ.

Ивановиќ рече дека барањата на Хрватска не се ништо ново и дека тоа од Црна гора го бара во последните десетина години.

-Ниедно од прашањата не е ново туку се однесува на деведесетите години од грдото минато од времето на заедничката држава. Она што го слушнавме последните денови е изразот на поддршка од Хрватска, поддршка и од другите земји на ЕУ и минататата недела беше самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора. Тука беше и канцеларот Мерц од Германија, нашиот преседател Спајиќ и канцеларот Стокер од Австрија. Токму Австрија го презема претседавањето со Берлинскиот процес следната година и практично слушнавме дека Црна Гора е членка на ЕУ, кажа Ивановиќ на заедничката прес-конференција со неговиот македонски колега, Александар Николоски.

Е.Б.