„Не може само врз основа на последиците однапред да се прогласи дека во Гостивар се случил терористички акт. Но, исто толку неодговорно би било уште на почетокот да се исклучи секоја можност за намерно дејствие и случајот да се затвори во удобната административна формула за „човечка грешка“ или „технички пропуст“, потенцира професорот за Факултетот за безбедност – Скопје, Александар Иванов за труењето во Гостивар и фекалиите во водата.

Според професорот, за граѓанинот кој не знае дали водата од неговата чешма е безбедна, разликата меѓу институционална небрежност и намерна контаминација има огромно кривичноправно значење, но не го менува непосредниот факт дека неговото здравје е изложено на опасност.

-Во двата случаи тој не знае дали смее да пие вода, да подготвува храна, да одржува лична хигиена или да им даде вода на своите деца. Во двата случаи нормалниот живот е парализиран, а довербата во државата е разнишана, додава професорот.

Проф. Иванов за труењето во Гостивар: Држава што не може да се заштити од сопствената неодговорност, не може уверливо да тврди дека е способна да ги заштити граѓаните од тероризам или други закани