
По социјалните мрежи се проширија вознемирувачки тврдења дека Ава Карабатиќ наводно загинала по пад од тераса на стан во Загреб, по што старлетата се огласи и ги демантираше овие наводи.
Одредени лица кои се претставуваат како пријатели на Ава Карабатиќ претходно објавија проштални пораки и гласовни снимки во кои изнесуваа тврдења дека таа скокнала од терасата. Овие информации предизвикаа голема загриженост меѓу нејзините следбеници, но и меѓу луѓето од нејзиното опкружување.
Сепак, Ава се огласи и откри што всушност се случило, наведувајќи дека завршила во Итна помош, но од сосема друга причина.
Старлетата така им стави точка на гласините за својата наводна смрт и порача дека е добра, но и дека целата ситуација многу ги потресла неа и нејзините блиски пријатели.
Посебно ја погодило тоа што луѓето од нејзиното опкружување поверувале во вознемирувачките тврдења, поради што најави дека одговорното лице ќе го пријави за ширење лажни информации.
Текстот Итно огласување на Ава Карабатиќ по вестите дека се фрлила од тераса: „Добра сум…“ е превземен од А1он.