Возачите во Италија наскоро би можеле да се соочат со парични казни до 160 евра доколку на одредени делници од автопатите возат премногу бавно. Предложената мерка има цел да ја подобри проточноста на сообраќајот и првично би се применувала на автопатите со шест сообраќајни ленти.Според најавите, на делниците со најмалку три ленти во секоја насока би била пропишана минимална брзина од 100 километри на час во левата лента.Сепак, ќе има исклучоци кога сообраќајните знаци наложуваат поинаква брзина