Меѓу супермоделот Ирина Шајк и кошаркарот Девин Букер се раѓа нова романса.

Откако неодамна беа забележани заедно во Хемптонс, извор близок до двојката открил дека тие веќе извесно време се гледаат и уживаат во заедничките моменти.

– Девин Букер и Ирина се во врска. Сè уште е многу ново, но навистина многу си се допаѓаат – изјавил извор за магазинот „Пипл“.

Според истиот извор, двајцата се запознале преку заеднички пријатели пред неколку месеци и оттогаш се обидуваат да поминуваат што повеќе време заедно.

– Сакаат максимално да го искористат летото пред Девин да ги започне подготовките за новата сезона – открил изворот.

Тој додава дека не е исклучено наскоро да ја видиме Ирина на трибините за време на натпреварите на ѕвездата на Феникс Санс.

– Таа навистина е заинтересирана за него – вели изворот.

Букер (29) претходно беше во врска со манекенката и ријалити-ѕвезда Кендал Џенер. Тие првпат беа поврзани во 2020 година, а својата врска јавно ја потврдија во февруари 2021 година.

По повеќе прекини и помирувања, нивната врска дефинитивно заврши во 2022 година.

Од друга страна, 40-годишната Ирина Шајк со години беше во врска со актерот Бредли Купер. Нивната љубовна приказна започна во 2015 година, а во март 2017 година ја добија ќерката Леа. Иако се разделија во 2019 година по четири години врска, Шајк и Купер останаа во добри односи и заедно се грижат за својата ќерка.

Засега ниту Ирина Шајк ниту Девин Букер јавно не ја коментирале врската, но според блиски извори, меѓу нив дефинитивно има силна хемија.

The post ИРИНА ШАЈК ВО ПРЕГРАТКИТЕ НА 11 ГОДИНИ ПОМЛАД КОШАРКАР Новата љубов на манекенката е НБА ѕвезда која претходно беше во врска со Кендал Џенер appeared first on plusinfo.mk.