Иранскиот врховен лидер Моџтаба Хамнеи се здобил со тешка повреда на ногата за време на февруарскиот напад на американските и израелските сили врз Иран, во кој загинал неговиот татко, Али Хамнеи, објави Iran International.Според наводите, членот на иранското Собрание на експерти, Ахмад Хатами, изјавил дека лекарите дури размислувале и за ампутација на ногата на Хамнеи.„За време на нападот на првиот ден од војната, Моџтаба Хамнеи се здоби со повреда на ногата. Постоеше дури и можност за ампутација, но до тоа не дојде и тој моментално е во добра здравствена состојба“, изјавил Хатами.Според британскиот медиум Скај њус, Хамнеи не се појавил во јавноста од нападот на 28 февруари, додека дел од медиумите претходно објавија дека бил тешко повреден и не бил во состојба да зборува.Американскиот државен секретар Марко Рубио неодамна изјави дека е уверен оти Хамнеи е жив, додавајќи дека постојат „индикации дека тој сè повеќе се вклучува на одредено ниво во активностите“.