Иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека во вчерашниот напад врз иранското пловило во Каспиското Море еден морнар загина, додека друг е повреден.

Техеран го осуди нападот и го оцени како чин на агресија, порачувајќи дека ќе ги брани своите национални интереси и безбедноста.

Иранскиот шеф на дипломатијата Арагчи наведе на социјалната мрежа „X“ дека нападот бил „очигледно кршење на Повелбата на ОН, изведено по налог на Израел за да се вовлече Европа во неговата војна“.

Тој додаде дека за време на разговорот со шефицата на европската дипломатија Каја Калас и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров јасно порачал: „Ова што го направи Киев не може да остане без одговор.“

Иранските власти во меѓувреме го повикаа украинскиот вршител на должности во Техеран за да му упатат протест поради, како што наведоа, „непријателскиот и криминален напад“.