Иранските државни медиуми објавија дека Техеран сѐ уште нема донесено конечна одлука за предложениот мировен договор со Соединетите Американски Држави, со кој би требало да се стави крај на актуелниот конфликт меѓу двете земји.Информацијата доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп и пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф во саботата најавија дека договорот би можел да биде постигнат во рок од 24 часа.„Договорот треба да биде потпишан утре, а веднаш по потпишувањето Ормутскиот Теснец ќе биде отворен за сите“, напиша Трамп на социјалната мрежа „Трут соушал“.Пакистанскиот премиер Шариф, чија земја посредува во разговорите, изјави дека договорот е „поблиску од кога било досега“.Според него, Пакистан веќе се подготвува за електронско потпишување на мировниот договор, по што следната недела би започнале технички преговори за неговата имплементација.Во меѓувреме, дипломатските активности продолжија и во неделата, кога во Техеран пристигна катарска делегација. Иранската агенција „Тасним“ соопшти дека делегацијата ќе разговара за најновите случувања поврзани со дипломатскиот процес.Според досегашните информации, евентуалниот договор предвидува Иран целосно повторно да го отвори Ормутскиот Теснец, една од најважните светски рути за транспорт на нафта и природен гас, како и да стави крај на својата програма за развој на нуклеарно оружје.Трамп порача дека договорот би претставувал „брана против нуклеарното оружје“, но истовремено упати и предупредување.„Се надеваме дека овој процес ќе помине брзо и без проблеми. Во спротивно, имаме крајна опција за која се надеваме дека никогаш повеќе нема да мора да ја употребиме“, изјави американскиот претседател.Засега нема официјална потврда од иранска страна дека договорот е подготвен за потпишување, а разговорите меѓу двете страни продолжуваат.