Иранското Министерство за надворешни работи ги осуди утринските американски воздушни напади врз иранска територија, оценувајќи ги како „јасно кршење“ на националниот суверенитет и меѓународното право.Во соопштението, Техеран предупреди дека земјите од Блискиот Исток кои им дозволуваат на американските сили да ги користат нивните бази би можеле да станат легитимни цели доколку нападите врз Иран продолжат.„Иранските вооружени сили им нанесоа голема штета на американските бази и позиции во регионот кои послужија како појдовна точка за овие напади. Нема да се двоумиме да ги нападнеме самите извори на агресијата“, порача иранското Министерство за надворешни работи.Заканите следуваат откако Иран изврши ракетни и беспилотни напади врз цели во Бахреин, Кувајт и Јордан, како одговор на американските удари врз ирански позиции во близина на Ормутскиот теснец. Вашингтон претходно соопшти дека нападите биле одмазда за соборувањето на американски воен хеликоптер „Апачи“.Во меѓувреме, противвоздушната одбрана беше активирана во сите три држави, а засега нема официјални информации за евентуални штети на американските воени објекти.Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи во меѓувреме остварил итни телефонски разговори со своите колеги од Саудиска Арабија и Турција, додека Техеран повторно ги повика соседните земји да не дозволат нивната територија да биде искористена за американски или израелски воени операции против Иран.Иран по одмаздувачките напади: Нанесовме голема штета на американските бази
Иранското Министерство за надворешни работи ги осуди утринските американски воздушни напади врз иранска територија, оценувајќи ги како „јасно кршење“ на националниот суверенитет и меѓународното право.Во соопштението, Техеран предупреди дека земјите од Блискиот Исток кои им дозволуваат на американските сили да ги користат нивните бази би можеле да станат легитимни цели доколку нападите врз Иран продолжат.„Иранските вооружени сили им нанесоа голема штета на американските бази и позиции во регионот...
Иранското Министерство за надворешни работи ги осуди утринските американски воздушни напади врз иранска територија, оценувајќи ги како „јасно кршење“ на националниот суверенитет и меѓународното право.Во соопштението, Техеран предупреди дека земјите од Блискиот Исток кои им дозволуваат на американските сили да ги користат нивните бази би можеле да станат легитимни цели доколку нападите врз Иран продолжат.„Иранските вооружени сили им нанесоа голема штета на американските бази и позиции во регионот кои послужија како појдовна точка за овие напади. Нема да се двоумиме да ги нападнеме самите извори на агресијата“, порача иранското Министерство за надворешни работи.Заканите следуваат откако Иран изврши ракетни и беспилотни напади врз цели во Бахреин, Кувајт и Јордан, како одговор на американските удари врз ирански позиции во близина на Ормутскиот теснец. Вашингтон претходно соопшти дека нападите биле одмазда за соборувањето на американски воен хеликоптер „Апачи“.Во меѓувреме, противвоздушната одбрана беше активирана во сите три држави, а засега нема официјални информации за евентуални штети на американските воени објекти.Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи во меѓувреме остварил итни телефонски разговори со своите колеги од Саудиска Арабија и Турција, додека Техеран повторно ги повика соседните земји да не дозволат нивната територија да биде искористена за американски или израелски воени операции против Иран.