
Заедничката воена команда на Иран објави крај на воените операции против Израел.
Во пораката се вели дека доколку Израел изврши нова „агресија и непријателски дејствија“, вклучително и во јужен Либан, „ќе следат многу построги и поразорни мерки од претходно“.
Изјавата дојде откако американскиот претседател Доналд Трамп ги повика Израел и Иран „веднаш да прекинат со огнот“, бидејќи најновиот бран напади се заканува да ги поткопа напорите за постигнување мировен договор и прекин на војната.
Револуционерната гарда на Иран претходно изјави дека нејзините напади врз Израел би можеле да траат една недела.
Текстот Иран објави крај на нападите врз Израел по барањето на Трамп е превземен од А1он.