Преку „ПроАктив“, платформата за општествена одговорност на ПроКредит, банката продолжува стратешки да ги поддржува проектите кои градат мостови во заедницата и нè обединуваат. „Инфјужн“ не е само настан во календарот, туку жив пример за тоа како културата, уметноста и јавниот простор можат и мораат да бидат достапни за секого, без исклучок.

Инспирирани од визијата на здружението „Икуалити“, од банката со задоволство ја поддржаа креативната и оригинална програма која оваа година нуди уникатни искуства за сите сетила. Од креативни работилници со учениците од ДУЦОР „Партенија Зографски“ и тактилни изложби во МСУ, па сè до енергичниот „Марш на исклучените“ и инклузивниот театар во Градскиот парк, петтото издание на фестивалот и годинава нè учи дека јавниот простор и општеството им припаѓаат на сите.
Поддршка со личен пример: Тимот на ПроКредит на терен
Оваа година, нашата поддршка оди чекор подалеку од партнерството. Верувајќи дека инклузијата се живее преку непосреден контакт, вработените во ПроКредит Банка масовно се пријавија на внатрешниот повик за волонтирање. За време на фестивалските денови, нашиот тим ќе биде директно вклучен на терен, помагајќи во организацијата и заедно со посетителите испишувајќи ја оваа убава приказна за Скопје и Македонија.

Клучни моменти од програмата на „Инфјужн“
Овогодишното издание на фестивалот нуди разновидна програма која ќе нè обедини сите преку моќта на инклузијата. Со активности како креативно везење и шиење, чувствување на уметноста преку знаковно толкување, „Марш на исклучените“ и голем број други содржини, „Инфјужн“ ветува неповторливо искуство за сите присутни.
- 04.06 – Работилница за креативно везење и шиење
- 05.06 – „Искуси уметност“ во МСУ со знаковно толкување и „Погледни низ моите очи“
- 06.06 – „Марш на исклучените“ (Старт: 10:00 ч. пред Влада) и забава на „Лепеза“ со Диџеј Фичо
- 13.06 – Целодневен фестивал во Градски парк (Јога, базари, стрит-арт и музика)
- 20.06 – „Три света, плус еден“ – движечка театарска претстава низ Градскиот парк
* Целосната програма погледнете ја подолу.
ПроКредит останува посветена на идејата дека банкарството и општествената одговорност одат рака под рака. Преку активниот ангажман за подобро општество и поголема еднаквост, банката се залага за создавање посолидарно, покултурно и попристапно опкружување за сите граѓани.
Организацискиот тим од „Икуалити“ и ПроКредит Банка упатуваат отворена покана до сите граѓани да се приклучат во текот на фестивалските денови и да уживаат во богатото портфолио на активности кои се подготвени за ова петто издание на фестивалот „Инфјужн“.



The post Инклузијата не се зборува, таа се живее: ПроКредит Банка и годинава партнер на јубилејниот 5. Инфјужн фестивал first appeared on КАПИТАЛ.
The post Инклузијата не се зборува, таа се живее: ПроКредит Банка и годинава партнер на јубилејниот 5. Инфјужн фестивал appeared first on КАПИТАЛ.